Ви ја претставуваме нашата компанија-АДМИРАЛ дооел
Над 15 години фирмата се бави со дизајн, изведба и одржување на фонтани ,градски, анимациони и музички фонтани, пливачки и забавни базени и спа центри.
Нашите клиенти се задоволни со нашето високо ниво на професионализам, стил и квалитет на изработка, брз одговор на сите предизвици, чесноста и уникатниот дизајн. Нашите производи се направени од висококвалитетен росфрај челик, компактни, долготрајни и единствени. Нашиот тим е високо-обучен, ефикасен и професионален и секогаш ги почитува зададените крајни рокови за изведба. Компанијата има свој погон за изработка на млазници и подводни рефлектори. Имаме конструирано и пуштено во експлоатација повеќе од 1000 објекти на јавни површини, општини, трговски центри, државни институции, хотели…
Учествувавме и на Water Expo во Сарагоса,Шпанија
Животот започнува со вода – живејте го